Мел Гибсон знаеше што сакаат жените, а глумицата Таражи ги чита мислите на мажите во новата романтична комедија

Точка

18/08/2018

16:31

5.473

Големина на фонт

а а а

Пристигна новиот официјален трејлер за фантастичната романтична комедија "What Mеn Want" во која улогата на фрустрирана агентка за спорт ѝ припадна на Таражи Пи Хенсон.

Приказната на филмот започнува кога шефот ја критикува Али Дејвис (Хенсон) поради тоа што не ги разбира мажите во својата околина. Таа после тоа излегува со своите пријателки и бурно ја поминуваат ноќта, така што ќе падне па ја удира главата и следното утро се буди со способност да ги чита мислите на мажите. 


Својата нова способност ќе ја искористи за унапредување на работното место, но и за добра забава.

Комедијата "What Mеn Want" е снимена според познатиот филм на Ненси Мејерс од 2000 година, "What Women Want", каде главната улога ја толкуваше Мел Гибсон.


Сценариото за новата комедија исто така го напиша Мејерс, а режијата ја потпишува Адам Шанкман. Покрај Хенсон, во филмот глумат и Венди Меклендон Ковеј, Макс Гринфилд, Алдис Хоџ, Тамала Џонс, Трејси Морган и многу други.

Кино дистрибуцијата треба да започне на 11 јануари 2019 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг