Три сестри го избоделе нивниот татко 36 пати, а сега се огласи нивната мајка: "Ги силуваше моите ќерки и беа негови робинки"

Точка

18/08/2018

12:51

4.544

Големина на фонт

а а а

Мајката на сестрите од Русија, кои до смрт го избоделе својот татко, Аурелија Дундук тврди дека нејзиниот поранешен сопруг ги силувал нејзините ќерки и тие му биле лични робинки, а покажала и фотографии како доказ.

Таа тврди дека нејзиниот сопруг им се заканувал на ќерките дека ќе ги убие доколку ја контактираат неа, а таа дознала сè откако бил убиен.

"Многу пати велеше дека ќе го убие секој доколку биде во контакт со мене", вели таа. 

Аурелија покажа фотографии на кои се гледаат модринките и крвавото лице на една од сестрите откако таткото ги претепал. Во време кога сето тоа се случувало, таа не знаела низ што поминуваат ќерките, бидејќи не сакале да ѝ кажат.


"Јас дури сега дознав што се случувало дома. Дури сега дознав за семејното насилство", рекла мајката на тинејџерките.

Таа тврди дека станот во кој живееле девојките бил полн со оружје, а полицијата тоа го потврди. После убиството, на местото на злосторството се пронајдени пиштоли и муниција. Во ѕидовите на станот се пронајдени дупки од куршумите. 


Во медиумите се појави и снимка од надзорните камери од зградата во која живеат, за која се смета дека настана непосредно после убиствто. На неа се гледа една од сестрите.

Сестрите тврдат дека таткото со години ги злоставувал сексуално и тие биле негови робинки

"Моравме да се појавиме кога ќе нè повикаше. Имаше посебно ѕвонче, а кога ќе заѕвонеше мораше да се појави една од нас. Дури ни прозорецот не го отвараше сам. Моравме веднаш да го направиме тоа што ќе го побараше, му служевме како робинки, а кога ќе го изнервиравме ќе нè гризнеше. Луѓето ги погледнаа нашите модринки", вели најмладата ќерка Кристина.


Сестрите се обвинети дека го убиле нивниот татко Михаил Хачатуријан на 57 годишна возраст на почетокот на август во нивниот семеен стан во Москва. Кристина, Марија и Ангелија го избоделе нивниот татко дури 36 пати, откако едната го удрила и со чекан по главата. Ангелија наводно им помогна на сестрите така што му прснала солзавец во очи на нивниот татко. Тој се обидел да избега кон лифтот, при што го фатиле и го избоделе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг