Почина Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации

Точка

18/08/2018

12:20

3.408

Големина на фонт

а а а

Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации и добитник на Нобелова награда за мир, почина во својата 80-та година, потврдуваат од ОН.

Анан, кој е со потекло од Гана, починал во болница во Берн, по кратко боледување. 

"Денеска жалиме за загубата на големиот човек, лидер и визионер", пишува на официјалниот Твитер профил на Агенцијата за миграција на ОН.

Тие наведуваат дека "живеел добар живот, живот вреден за славење".

Анан, кој е роден во 1938 година беше седмиот секретар на Обединетите Нации од 1997 до 2006 година. Беше член и на "The Elders", група на глобални лидери која се занимава со човекови права од нејзиното основање во 2007 година. Тој во 2013, стана нејзин претседател.


Анан е добитник на Нобелова награда за мир, заедно со Обединетите Нации во 2001 година поради "подоброто организирање и помирниот свет".

Тој завршил на Институтот за напредни меѓународни студии во Женева. Бил функционер на Светската здравствена организација и помошник генерален секретар за мировни операции на ОН во Босна и Херцеговина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг