Блејк Лајвли е подготвена за претстојната сезона: Модни есенски комбинации без градник

Точка

18/08/2018

12:10

2.504

Големина на фонт

а а а

Актерката Блејк Лајвли, сношти со нејзиниот интересен стајлинг, измамила многу погледи во Њу Јорк. Иако летото сѐ уште трае, таа носела дури две сакоа, но затоа го избегнала градникот и ја открила кожата.

Долното сако, го искомбинирала со сини панталони со висок струк, додека врз него облекла уште едно, во темно-виолетова боја.


Изгледот го надополнила со светли салонки со шилци, од дизајнерот Кристијан Лобутин, и темно-сина кожна ташна, а косата ја залижала и ја ставила позади уши.

Изгледа дека на глумицата ѝ е доволно од летната мода и спремна е за наесен, бидејќи во својот втор стајлинг, истиот ден, го најавила големиот тренд за претстојната сезона.


Блејк прошетала во неонско, зелено одело и маица во истата нијанса, а целиот аутфит го надополнила со уште едни светкави потпетици, но овој пат со цветни детали.

Неонската палета на бои е присутна во есенските колекции на бројни водечки дизајнерски куќи, а оделото кое го носела Блејк е дел од машката колекција на брендот "Versace".



Спонзорирани линкови

Маркетинг