Актерот е една година во врска со неа, а луѓето се згрозени: "Тоа што го правите е можеби законски, но е неморално"

Точка

17/08/2018

18:58

12.742

Големина на фонт

а а а

Дејн Кук, популарниот американски комичар има 46 години, но тоа не го спречува да биде во врска со девојка која е цели 27 години помлада од него.

Младата Келси Тејлор има 19 години - по американскиот закон таа се уште не смее да пие алкохол, а сепак, таа е една година во врска со човек кој е далеку постар од неа. 

Кук на Инстаграм објавил заедничка фотографија со следните зборови:

"Немам доволно зборови за да ви опишам колку е неверојатна мојата девојка, ќе мора просто да ми верувате. Таа е исто така среќничка бидејќи и јас не сум воопшто лош. Всушност, кул сум. Келси, фала за ноќите исполнети со смеа, деновите исполнети со креативност и што е најважно - фала за сета љубов", напишал Дејн.

Набрзо по објавата започнале коментарите на негова сметка.

"Тоа што е легално, не значи и дека е исправно, здраво и нормално. Ова е во најмала рака неприкладно", порачуваат луѓето.

Актерот неодамна на Инстаграм ги повикал следбениците да го прашаат се што ги интересира, а секако, поголемиот дел од нив се распрашувале за неговата девојка. Едно од прашањето гласело вака:

"Кој совет би го дал кога се во прашање љубовните врска со толкава разлика во годините?", на кое што Кук одговорил:

"Нема никаква разлика кај нас во однос на паровите со приближен број на години. Единствената разлика е тоа што мора да го запомните фактот дека смртта многу побрзо ќе не раздели", гласел помалку морбидниот одговор на актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг