Едно од поубавите годишни времиња е дефинитивно летото кое со себе носи долги топли денови исполнети со авантура, патувања, слобода и безгрижност. Токму затоа, AVON инспирирани од мирисот на природата, а во зенитот на летото кое е во тек, ни ги претставува двата нови парфеми Perceive Soul наменети за Неа и Него, кои се свежа дополна на веќе постоечката бестселер колекција.
Ова се мириси кои допираат до опојните ноти на природата, цвеќињата, маслата и екстрактите што таа ни ги дава. Велат дека овој парфем е наменет за сродните души, а неговите природни, совршено хармонизирани ноти ја зајакнуваат моќта на највозвишените форми на љубов. Ова нé натера да размислуваме и да си го поставиме прашањето: Дали сродните души навистина постојат или е тоа само мит?
Некои велат дека сродните души може да се намирисаат дури и кога се на километри оддалечени еден од друг, нивното препознавање е како искра која брзо се распламтува во оган кој за да се одржи, потребно е многу внимание, љубов и посветеност. Многу фактори влијаат за да ја сретнете личноста за која имате чувство дека инстинктивно ја познавате и со која можете да се поврзете на најдлабок начин и ви овозможува да растете бескрајно во таа врска.
Нашето љубопитно око застана на еден пар кој уште на прв поглед има во себе нешто невообичаено, но сепак толку топло и блиско; тие двајца се толку различни, но сепак толку исти и формираат една совршена целина. Ви ги претставуваме Рене и Виктор: таа е црномуреста убавица по потекло од Јамајка, по професија хемиски инженер, која грациозно чекори на модните писти. Тој, благ и умерен фотограф од Скопје чии патишта со Рене се вкрстиле во САД.
Комуникацијата со нив тргна многу лесно и со иста таква леснотија тие одговорија на нашите прашања кои ја доближија до нас приказната за нив двајца. Одвојте неколку минути од секојдневието и препуштете се на нивните прекрасни фотографии и слатки одговори кои ќе ја разгалат вашата душа:
- Се запознавме во 2012 во Ocean City, Maryland преку заедничка другарка. Заедно бевме релативно кратко бидејќи мораше да се вратиме назад дома, таа во Јамајка, јас во Македонија. Но, решивме да останеме заедно и да видиме како ќе се одвиваат работите. Врската продолжи на Skype во следните 9 месеци, а потоа и во Македонија кога решивме да не живееме повеќе разделени еден од друг.
- Можеме да кажеме дека магијата се случуваше постепено. Откако фотографиравме заедно, почнавме се почесто да се дружиме и излегуваме сé додека не заминавме од САД и се вративме дома. Тоа не нé спречи да поминуваме по неколку часа дневно на Skype откако се разделивме. Сфативме дека сме многу слични и имаме слични интереси, уверувања и погледи кон светот.
- Дефинитивно да, веруваме во „сродни души”. Многу значи да имаш покрај тебе некој што те разбира повеќе од другите, да те поддржува во секоја идеја и намера, да верува во тебе и да биде покрај тебе без оглед на сé.
- Од лично искуство и двајцата можеме да заклучиме дека сетилата играат огромна улога во љубовниот живот на луѓето и при изборот на партнерот. Нашата поврзаност не е само физичка туку пред сè духовна. Најверојатно оваа вештина да се поврземе и на повисоко ниво ја извежбавме поради околностите каде често пати моравме да бидеме разделени поради различните места на живеење, таа во САД, јас во Македонија... но забележавме дека сетилото за мирис е она кое најмногу нè поврзуваше и најлесно знаеше да нè соедини во моменти кога физички тоа беше невозможно. Понекогаш доволно е и една капка од нејзинот парфем за да ја почувствувам до мене. Меморијата која ја носи мирисот во себе е незаменлива!
- Формулата според нас е меѓусебното разбирање и почит, добар и искрен разговор, пријателство и многу смеа.
- Ние ја доживуваме како еден возбудлив патепис со многу бои и нијанси и како патници уживаме во убавината што истиот ни ја нуди, а за секоја пречка наоѓаме заедничко решение. Се надеваме дека нашите идни поколенија ќе ја доживуваат и раскажуваат како бајка.
- Патиштата ни се споија на сосема друг начин и тоа беше пред Рене да стане модел. Рене е хемиски инженер, а прв пат почна со моделството откако дојде во Македонија. Компатибилноста на нашите карактери е вистинскиот одговор на прашањето.
- Откако ги поставивме темелите во врската, ја зацврстуваме со разговор, искреност, смеа, давање простор еден на друг кога ни е потребен, поддршка во одлуките и искрени совети.
- Двајцата летаме во облаци на свој начин, но и двајцата сме свесни кога треба да се приземјиме. Најчесто Рене е посвесната кога станува збор за тоа, бидејќи јас сум тој што знае некогаш да се занесе повеќе од што треба.
- Нашите омилени активности во кои подеднакво уживаме е времето кое го минуваме заедно и со нашето куче Холмс, испробувајќи нови рецепти и специјалитети во кујната, и секако дел од нашите уживања се посетувањето на нови места и дружење со семејството.
Рецептот е едноставен, ако обајцата се подготвени да го применуваат:
- Правете едноставни нешта
- Простувај и заборавај
- Изразувајте ги своите чувства почесто
- Решавајте проблеми смирено и конструктивно
- Правете романтични гестови еден за друг
- Бидете искрени
- Бидете извор на позитивна енергија еден на друг