Јанкулоска до Котевски: „Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б. Ц.“

Макфакс

17/08/2018

15:17

5.670

Големина на фонт

а а а

Во разговор од 2011 година, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки да врти кај членови на антикорупциската комисија, за да отворат предмет за имотот во Корчула на сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски.

„Ај види антикорупциска да имаат предмет за Б. Ц. Охрабри ги веднаш. На Војче, на Љубинка, сврти им” му вели Јанкулоска на експолицискиот портпарол Котевски, кој пак и’ ветува дека ќе сврти кај Војче. 

Во претходните разговори, Јанкулоска вртела по телефони во Белград за потврда дали сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг