Роденденската екстензија на Кајли Џенер вреди вистинско богатство

Кармин

17/08/2018

12:51

3.730

Големина на фонт

а а а

Пред околу еден месец, магазинот "Forbes" најави дека Кајли Џенер е на добар пат да стане најмладата самоостварена милијардерка во историјата.

Затоа, не е изненадувачки тоа што модната убавица не штедела за прославата на својот 21-ви роденден. Освен што носеше боди, покриено со 70 илјади кристали од "Swarovski", и нејзиниот долг коњски реп чини колку едно мало богатство.

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Фризерката која била одговорна за нејзиниот роденденски изглед, Виолета Терити, во интервјуто за "Refinery29", открила дека за екстензијата на Кајли, искористила 400 грама словенечка коса, од Русија и за тоа ѝ наплатила 8.000 долари.

Да, добро прочитавте, коњскиот реп на Кајли вреди околу 33 македонски просечни плати, а фризерката во интервјуто објаснила и зошто овие екстензии се толку скапи.

"Словенечката коса е исклучително ценета, бидејќи не треба да се избелува и да се преработува", објаснила Терити.

?

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Но, Кајли не е единствена од семејството која не штеди на својата коса. Ким и Клои Кардашијан исто така се редовни клиенти на Виолета, па ако сте забележале дека сестрите имаат иста коса, тоа не е само затоа што се сестри. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk