Наравете сами: Природно масло од лаванда за нега на сувата кожа

Кармин

17/08/2018

09:37

2.602

Големина на фонт

а а а

Многумина од нас се воодушевуваат од мирисот на лаванда и користат многу козметички производи со мирис на виолетовата билка.

За љубителите на природни производи за нега, носиме рецепт за масло од лаванда, погодно за сува кожа, кое може да го направите сами.

Масло за тело, од лаванда

Се користи за ублажување на грчеви, за нервоза, како и за нега и обнова на кожата. Како база, најчесто се користи маслиново или сончогледово масло. Маслиновото масло се разликува од сончогледовото по тоа што многу тешко се впива во кожата, но сончогледовото не е толку хранливо како него, па останува на вас да изберете.


Состојки:

- Базно масло (маслиново или сончогледово)
- Цветови од лаванда

Подготовка:

Чиста тегла или стаклено шише, наполнете го/ја со цветови од лаванда, 2/3 од капацитетот, па до врвот прелијте со маслото. Теглата ставете ја на сончево место, а во текот на следниот месец, секојдневно лесно промешувајте. После еден месец, маслото исцедете го со помош на густо сито или газа, такашто ќе добиете чисто масло, без остатоци од билката.


Совет:

Пожелно е после два до три дена, маслото, без да го мешате, уште еднаш да го исцедите, со што би избегнале матно масло со талог. Добиениот производ чувајте го на темно и ладно место и може да го користите една година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk