Екипата на Јувентус веќе одреден период доминира во италијанскиот фудбалски шампион или поточно гази се пред себе, а најдобар доказ за тоа се седумте титули во низа во Серија А.
И нареднава сезона Јуве повторно е кандидат број еден за трофејот особено по ангажманот на Кристијано Роналдо, односно големо прашање е дали некој ќе може да го предизвика за врвот.
Но, Јуве, со потегот кој се очекува да го направи деновиве со својот фудбалер Миралем Пјаниќ, покажа дека се грижи за фудбалерите кои оставиле печат во овој клуб во изминатиот период. Пјаниќ, според интернет сајтот ,,Футбол Италија”, ќе потпише договор до 2022 година со италијанскиот шампион со плата од седум милиони евра по сезона.
Со ова е ставено крај на шпекулациите за евентуалниот трансфер на босанскиот репрезентативец во редовите на европскиот шампион Реал Мадрид.