Покрај многу "совршени" фотографии се најде овој интересен профил на Инстаграм кој ја возвишува спонтаноста и реалноста. Селест Барбер е глумица и комичарка, која одлучи да се шегува на своја сметка и во исто време да се пошегува со најпознатите светски ѕвезди и од тоа направи бизнис.
Имено, станала толку популарна така што наскоро ќе биде на својата турнеја за стенд ап комедија низ Америка, а нејзиното шоу во Њујорк е веќе распродадено.
Често истакнува дека тешко е да се биде во брак со некој кој е многу позгоден од неа, испишувајќи го хештегот #hothusband.
Барбер одлучи да говори во името на сите жени кои не изгледаат како сестрите Кардашијан или пеколно згодно како Меган Фокс. Комичарката секојдневно ги прегледува профилите на славните ѕвезди и на духовит начин се фотографира во истата поза.
Во тоа стана толку добра што на својот Инстаграм профил има повеќе од 3 милиони следбеници.