Ана Шаргиќ во 2002 година станала последната Мис Југославија, а на изборот за Мис на светот влегла во топ 20-те девојки.
"На изборот имаше над 110 убавици од целиот свет, а јас успеав да се пласирам меѓу најдобрите 20 и да се изборам за неверојатното 11-то место. По успешниот пласман на светскиот избор, ми се отворија големи врати во светот на модата. Тогаш почнав да патувам се поактивно и му се посветив на моделингот. Секако, паралелно и студирав", изјавила своевремено Шаргиќ.
Од 2010 година, Ана е во брак со бизнисменот Реза Калантариан и се преселила во Соединетите Арапски Емирати. Од бракот со Реза таа има три деца - близнаците Хана и Сара и синот Алекс.
Шаргиќ и понатаму изгледа одлично и ужива во патувањата, а е голема љубителка на екстремните спортови.
Кон почетокот на месецот, Ана се преселила во Берлин.
"Мојот нов дом", напишала таа покрај фотографијата на Инстаграм, каде често објавува и фотографии од своето семејство.