Пред две години си пукала во главата, а сега добила ново лице!

Точка

15/08/2018

14:10

1.854

Големина на фонт

а а а

Кејти Стаблфилд има 21 година и после обидот за самоубиство, станала најмладата личност во Америка на која ѝ е направена трансплантација на лице. Таа го поминала патот од 3-годишната реконструктивна постапка и повеќе од 15 часа била на операционен стол, а сега ќе позира за новото издание на магазинот "National Geographic".

После тешкото раскинување и низа здравствени проблеми за кратко време, Кејти во 2014-та година си пукала во лицето, додека била во посета на нејзиниот брат во Тенесија.

Нејзиниот брат Роберт, за "National Geographic" рекол дека тогаш сестра си ја пронашол облеана во крв и "без лице". Судејќи според извештајот, куршумот ѝ го пробил челото, носот, синусите и вилицата и сериозо и ги оштетил очите.

Опоравувањето било тешко, исто како и нејзиното спасување и борбата за живот. Д-р Брајан Гатсман, специјалистот кој ја надгледувал во клиниката, рекол дека куршумот предизвикал и трауматска повреда на мозокот, влијаел на нејзините хормони и нивото на натриум, како и функцијата на фронталниот лобус.

Неговиот тим, составен од 15 специјалисти, ѝ помогнал и ѝ пружил прилика повторно да има свој живот, иако поразличен, но сепак достоинствен.

Дотогаш, во јавноста се појавувала замотана со шал и под маска. Била ставена на листа за трансплантација и 3 години го чекала лицето кое ѝ одговара.

Трансплантацијата на лице на младата Кејти е 40-та таква интервенција во светот, а трета во клиниката Кливланд.

Постапката се смета да експериментална и ја финансира Министеерството за одбрана, преку Институтот за регенеративна медицина на вооружените сили, пренесува британскиот "The Sun".


Кејти ја очекуваат уште неколку операции, а цел живот ќе треба да пие лекови. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг