Додека Бибер планира венчавка, погледнете што прави Селена!

Кармин

15/08/2018

11:27

3.669

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека веридбата на Џастин Бибер и Хејли Болдвин, не влијае премногу на расположението на Селена Гомез.

Таа сега работи со полна пареа, се забавува со пријателките, а наскоро ќе излезе и нејзината прва колекција на ташни, за американскиот бренд "Coach".

Со фотографија на Инстаграм, на која е со уште две пријателки, покажала три модели од ташните од нејзината колекција, кои одлично изгледаат и на секојдневна комбинација.

Слоганот на целата колекција е "not perfect always me", што во превод би значело - не сум совршена, секогаш сум своја, што Селена често го кажува. 

Изгледа дека Селена ги наполнила батериите за нови победи и нови почетоци, и нема нешто што може да ја спречи во остварување на овие нови планови. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk