Самохран татко не сакал неговите синови да се чувствуваат запоставени за Денот на мајката па се облекол во фустан

Кармин

14/08/2018

16:21

2.200

Големина на фонт

а а а

Што е најгенијалната работа која Вашиот татко ја направил некогаш за Вас? Каткаи Сем Панутаи е самохран татко од Тајланд, неговиот еден син е 3 години, а другиот 5.

Училиштето во кое учат неговите синови минатата недела организираше приредба за мајките, па бидејќи тој е самохран татко за него не беше проблем да се појави во фустан само за да ги усреќи своите деца.


Во Тајланд Денот на мајката се слави на 12 август, а низ училиштата се организираат церемонии во кои децата клекнуваат пред мајките за да им се заблагодарат за сè што направиле за нив. Подоцна таткото изјавил дека тоа го направил со цел неговите деца да не се чувствуваат помалку вредно, бидејќи нивната мајка не е присутна. 


Сем е инаку разведен маж, чија поранешна сопруга се преселила во Европа. Сепак, изгледа дека и без неа тој извршува одлична работа, судејќи по оваа приказна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk