43-годишната актерка, пред два месеци за прв пат стана мајка.
Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Хосе Бастон, го добиле синот Сантиаго Енрике на 19-ти јуни, а малото момче, со својата позната мајка веќе ги освои срцата на сите читатели на списанието "Hola! USA".
Актерката пред неколку дена, прв пат после породувањето се појави на црвениот тепих и сите ги воодушеви со својата линија, во бел сако-фустан, со својот заштитен знак - длабокото деколте, а сега одлучила да го покаже и сопственото лице без грам шминка.
Ева е фотографирана пред познат ресторан во Лос Анџелес, каде што била на вечера и малку одморила од мајчинските обврски. За таа прилика одлучила да ја прескокне шминката, која, судејќи по сето ова што го гледаме, воопшто не ѝ е потребна, бидејќи скоро и да нема брчки.
Косата ја тргнала од лицето и облекла црно-бел аутфит, во кој ги покажала женствените облини и фантастичната фигура, после неполните два месеци од породувањето. Носела свилена кошула и бели панталони, а едноставниот аутфит го надополнила со проѕирни салонки и црна ташна со ланче.