Инстаграм, со самото негово појавување, предизвикува голем број трендови, кои, покрај модата и убавината, честопати вклучуваат и пози.
На почетокот на летото, најпопуларна поза беше "Barbie стопала", која, како што кажува и самото нејзино име, ја имитира положбата на стопалата на популарните кукли и прави нејзините нозе да изгледаат повитки и подолги, на фотографиите. Но, Инстаграм сега направи еден нов тренд, односно сега друга поза е модерна, која исто така има еден ласкав ефект на нозете, но и на остатокот од вашето тело.
Станува збор за "бебе-жирафа" позата, која ја смислила модната инфлуенсерка Ева Чен, а веќе ја испробале бројни славни дами, како Бела Хадид, Емили Ратајковски и Миранда Кер.
Креаторката на оваа ласкава поза, која го "полудела" Инстаграм, на својот профил детално ја објаснила позата и сите нејзини предности.
"Исфрлете ја едната нога нанапред, а тежината нека ви биде на задната нога, како да чекорите. Грбот вовлечете го наназад и фотографирајте се право", напишала под објавата на која покажала како треба да изгледа позата и открила дека со оваа поза, на фотографиите ќе изгледате повитки, а вашите нозе многу подолги и потенки.
Позата ја споредила со одењето на бебе-жирафата, па така и го добила својот популарен наслов. А за тоа дека станува збор за голем хит, докажуваат бројните фотографи од познатите дами, кои веќе ја испробале оваа поза на својот Инстаграм.