Таткото на Меган Маркл повторно со срцепарателна порака, а овој пат имаше што да му каже и на принцот Хари

Кармин

13/08/2018

14:48

3.389

Големина на фонт

а а а

Томас Маркл кој сè уште не разговарал со својата ќерка Меган, војвотката од Сасекс, откако се омажи за принцот Хари, денес ѝ порача дека му недостига, додека на Хари дека треба да се помири со фактот дека токму Томас е негов дедо.

Маркл нагласи дека би сакал неговиот однос со Меган да биде како некогаш. 

"Би сакал да ги оставиме разликите зад нас и да се споиме. Многу ми недостигаш. Да, имам порака и за Хари, јас сум твој дедо и помири се со тоа", рекол Маркл во интервјуто за британскиот магазин "Sun".


Како што известува магазинот, Маркл стравува дека Меган нема никогаш да го исконтактира.

Поранешната американска глумица Меган Маркл, која сега е војвотка се омажи за внукот на кралицата Елзабета, кој е шести по ред за престол.

Сепак, сите зборуваа за тоа како таткото на војвотката не присуствувал на венчавката поради операција на срцето. Истовремено, тој обелодени фотографии од договор направени со еден папарацо фотограф со што дополнително се подигна прашина.


Во интервјуто со друг британски таблоид "Mail on Sunday", Маркл кој живее во Мексико раскажа дека го прекина телефонскиот разговор со Хари пред венчавката, откако принцот му замери за направените фотографии.

"Не можев никако да контактирам со неа. Телефонскиот број кој постојано го вртев повеќе не е во функција. Од кралското семејство никогаш нема одговор и не постои адреса на која можам да ѝ пишам", вели тој.


"Не очекувам да ја видам, ниту да се слушнам со неа и тоа е ок", рекол Маркл, додека од Кенсингтонската палата е изјавено дека за оваа приказна немаат никаков коментар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk