Погледнете го беспрекорниот апартман на Мајкл Корс: Луксуз во престижниот дел од Њујорк со поглед од 100 милиони долари

Кармин

10/08/2018

14:50

5.458

Големина на фонт

а а а

Американскиот моден дизајнер Мајкл Корс ја отворил вратата од својот дом за престижното списание "Architectural Digest" и покажал како го уредил просторот кој го дели со својот долгогодишен партнер.

Еден од најпознатите модни креатори кој не престанува да воодушевува со своите дизајни во последните 25 години, за прв пат го покажал својот апартман кој се наоѓа во Њујорк, поточно во престижниот дел на оваа метропола - Гринич Вилиџ. 


Неговиот вкус за моден дизајн е беспрекорен, но никој досега не ни можел да претпостави дека модниот дизајнер подеднакво добро се снаоѓа и кога е во прашање уредувањето на ентериерот.


Така, во својот огромен апартман со поглед од 100 милиони долари, тој поставил мебел со потпис од разни уметници и дизајнери на ентериер и уметнички слики и фотографии како портретот на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, но и многу други елементи од кои е тешко да се тргне погледот.

Погледнете го следното видео кое го прикажува станот на познатиот Корс: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk