Мал авион се урна во Хрватска, двајца тешко повредени

Макфакс

08/08/2018

18:27

873

Големина на фонт

а а а

Две лица се сериозно повредени кога мал авион се урна во Лошињ, објавија хрватските медиуми. Несреќата се случила околу 12 часот кога се урнал авионот во кој се наоѓале четири лица. Според првите информации, станува збор за приватен авион со кој управувал италијански државјанин, според „Индекс.хр“.

„Тоа е сериозна воздухопловна несреќа од среден интензитет. Двајца патници беа малку повредени и сами излегоа од урнатиот авион, а двајца беа сериозно повредени и ги извадија пожарникарите“, изјави Министерството за море, транспорт и инфраструктура за овој портал. 

Се вели дека сите патници се италијански државјани и сè уште не е познато дали авионот „пајпер“ е во сопственост на приватно или правно лице. 

Истрагата за несреќата сè уште е во тек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг