САД мора да се изборат за превласт во вселената, смета американскиот министер за одбрана

Макфакс

08/08/2018

11:15

1.470

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, изјави дека дава безрезервна поддршка за формирање нова воена команда за вселената, но, сепак, не предложи и создавање вселенски сили како што тоа го направи претседателот Доналд Трамп.

„Кон вселената мора да пристапиме како кон потенцијална борбена зона и воена команда за овој простор секако е една од работите што можеме да ги воведеме“, изјави челникот на Пентагон пред новинарите.

Американскиот претседател во мај годинава издаде наредба за формирање вселенски сили, како шести род на вооружените сили, покрај копнената војска, воздухопловните сили, морнарицата, корпусот на морнаричка пешадија и крајбрежната стража.

„За да ја заштитиме Америка не е доволно само присутност во вселената, мора да имаме превласт во вселената“, додал Матис.

Вселената, во моментов, е во надлежност на американските воздушни сили.

Неделава Пентагон во Конгресот треба да даде предлози за извршување на наредбата на Трамп, а според документот во кој увид имала специјализираната веб-страница Defense One, воените претставници предлагаат формирање единствена команда за вселената.

Матис рече дека Пентагон се согласува со Белата куќа, особено со потпретседателот Мајк Пенс, кој во Белата куќа е задолжен за тоа прашање.

„Работиме на ситуацијата“, додал тој.

„Кога станува збор за тоа како ќе изгледа организацијата, можам да ви кажам дека ќе одговара на целите, но во моментов немам одговор на сите прашања“, изјавил Матис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг