Лимонада од зелен чај: Овој напиток ќе ви помогне да го изгубите вишокот килограми

Кармин

07/08/2018

16:52

3.666

Големина на фонт

а а а

Една шолја зелен чај содржи 100 милиграми кофеин и 300-400 милиграми полифеноли кои се заслужни за неговото антиоксидативно дејство.

Имено, кофеинот го поттикнува варењето, а бидејќи чајот содржи помала доза на кофеин, можете да го пиете повеќе пати во текот на денот и на тој начин здраво да слабеете. Тој го намалува лошиот холестерол, го забрзува метаболизмот, го регулира нивото на шеќер во крвта и дава чувство на ситост. 

Истовремено, витаминот Ц му помага на телото да ги согори маснотиите, а лимонот е еден од неговите најдобри извори. Полифенолите кои ги содржи лимонот помагаат во стимулирање на црниот дроб кој ги топи маснотиите, а освен тоа, тој е полн со пектин - влакна кои даваат чувство на ситост. 


На губењето на тежина влијаат и медот и циметот, а кога се користат заедно, тие го забрзуваат метаболизмот и ја намалуваат потребата од храна.

Сега замислете ги овие четири состојки кои се здружени во борбата против килограмите. Секојдневно консумирајте лимонада од зелен чај и гледајте што ќе се случи со вашето тело. 

Потребни состојки:

- 2 шолји вода

- кесичка зелен чај

- 2-3 лажички мед

- кора и сок од еден лимон

- едно стапче цимет


Начин на припрема:

Во тенџере, налејте вода и во неа изрендајте кора од претходно добро измиениот лимон. Додадете и стапче цимет, поклопете и ставете го тенџерето на оган. Оставете да проврие, а потоа во врелата вода ставете ја кесичката зелен чај. По 3-5 минути додадете сок од еден лимон и мед и лесно промешајте.

Вака подготвениот напиток ставете го во фрижидер, а кога целосно ќе се излади, ставете две коцки лед и уживајте во прекрасната лимонада.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk