Шкендија ги мотивира фудбалерите со нови фантастични премии, но „брка“ милион евра за себе

Дерби

04/08/2018

14:14

1.379

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбалски првак Шкендија со елиминацијата на Шериф Тираспол дојде до сума од 1,26 милиони евра што ќе ги добие од УЕФА за пласманот до сега, но овој износ ќе биде двојно поголем ако го поминат и следниот противник – Ред Бул Салцбург.

Со ваквиот триумф Шкендија би го повторила ланскиот успех на Вардар со пласман во групната фаза на Лига Европа и би направила најголем успех во клупската историја.

Пред две години во иста ситуација, Шкендија за победа против Гент вети 500.000 евра за премии, но и покрај тоа, не успеа во кампањата против белгискиот клуб.

Според неофицијалните информации низ кулоарите, раководството на Шкендија повторно ветува сензационални премии за фудбалерите, а сумите што се споменуваат се и до 20 илјади евра по играч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг