Пентагон не е воодушевен од идејата на Трамп за формирање вселенски воени сили

Макфакс

04/08/2018

12:16

890

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп сака нова воена служба, која ја смета за потребна за обезбедување на доминација на САД во вселената, но шефот на Пентагон, Џејмс Матис, предупреди дека тоа би довело до несакани трошоци и макотрпни бирократски процедури.

Пентагон ја признава потребата за преиспитување на својот критикуван пристап за одбрана на американските економски и безбедносни интереси во вселената и се движи во тој правец, но е неизвесно дали тоа ќе го задоволи Трамп, кој сака да оди уште понатаму, формирајќи одделни воени вселенски сили.

Администрацијата планира следната недела да ги објави резултатите од студијата на Пентагон за кои се очекува да повикаат на воспоставување на нова воена команда – американска вселенска команда.

Покрај организациските прашања, улогата на Пентагон во вселената е под лупа и поради признавањата дека САД се повеќе се потпираат на сателитите кои е тешко да се заштитат во вселената, а која овозможува комуникација, навигација, разузнавање и други клучни услуги за војската и економијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг