Грчките власти ќе уриваат објекти кои нелегално биле градени во регионот на Атина

Макфакс

03/08/2018

16:21

899

Големина на фонт

а а а

Грчкиот министер за животна средина, Јоргос Статакис, соопшти дека властите следната недела ќе почнат да уриваат десетици бесправно изградени објекти во поширокиот регион Атина, при што ќе се применуваат остри мерки против нелегалната градба по најопасните шумски пожари во земјата во последниве децении.

Статикис за грчкото радио „24Часа“ изјави дека властите најпрвин ќе треба да срушат 61 објект на плажите и во областите кои се планирани за пошумување во околината на Атика. 

Во катастрофалниот пожар што ја зафати областа Атика, во близина на главниот град на Грција, Атина, бројот на жртви достигна 91 лице. 

Грчката полиција по низата прегледани докази, соопшти дека има докази оти пожарот бил подметнат, по што неколку лица беа приведени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг