Ким Кардашијан се пофали со тенкиот струк во тесни хеланки и минијатурен топ

Кармин

31/07/2018

17:52

8.520

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан гостувала во емисијата на Џими Кимел за која одлучила да облече црн аутфит. Таа во последните неколку дена често носи вакви дневни комбинации, а можеме само да претпоставиме дека со тоа сака јавноста да зборува за нејзината линија.

Медиумите пишуваа за нејзината тежина откако се појави снимка на која сестрите ѝ даваат комплимент за тоа колку слабо, па дури и анорексично изгледа, на што Ким им се смее и им се заблагодарува на комплиментите. Тоа видео наиде на осуда од јавноста, но се чини дека тоа на Ким не ѝ смета бидејќи утредента се појавила во црно издание во кое уште еднаш го истакнала минијатурниот струк. 


Не се откажува од проѕирните високи потпетици

Се чини дека нејзиното време во теретана вродило со плод бидејќи старлетата изгледа одлично.

Таа ги покажала резултатите во емисијата на Кимел, во која се појавила во необичен топ, сјајни хеланки и моден додаток од кој не се откажува - проѕирни високи потпетици.


Топот на едно рамо и високите хеланки го истакнале струкот и витката линија на Кардашијан, а целиот изглед таа го дополнила со минијатурни црни очила за сонце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk