Вистинска љубовна бајка: Сите сакаат љубов и брак како на овој пар

Кармин

26/07/2018

14:04

6.104

Големина на фонт

а а а

Искрени, реални и во љубовта. Тој е глумец од светски рамки, а таа е поранешна манекенка и сакана жена. Повеќе од доволно за вистинска љубовна бајка.

Таа е Кили Шеј Шмит, а тој е Пирс Броснан кои во брак се од 2001 година и имаат два синови Парис и Дилан. 

На Кили ѝ се воодушевуваат сите поради тоа што успеала да изгради успешен брак со светската ѕвезда, а на Пирс тоа што неговата љубов кон Кили не се менува со оглед на сите промени кои ѝ се случиле на нејзиното тело.


Можеби ќе помислите: "Па каква врска има изгледот со љубовта?". Не би требало да има, но реалноста вели дека мажите и тоа како умеат да бидат сурови кон жените кои имаат вишок килограми.


Но, за Пирс тоа воопшто не е важно така што нивната љубов е вистинска. И таа вистина ја покажуваат пред сите кога и да се појават во јавност.


Кили сепак се грижи за своето здравје па се впуштила во борба против килограмите. И ѝ оди од рака. На неодамнешната премиера на филмот Мама Миа во Лондон се појави во небесно син фустан и тогаш се забележа дека е послаба во споредба со минатата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk