Собранието ги изгласа законите кои го кочеа изборот на ДИК

Макфакс

25/07/2018

20:46

1.305

Големина на фонт

а а а

Едногласно изгласани измените на Законот за Влада со 99 гласа „за“. Изборниот законик кој подлежеше на измени, заедно со измените на Законот за финансирање на партиите има поддршка од 101 пратеник. Никој од пратениците не ги образложи измените, ниту, пак, имаше дебата на пленарната седница.

Законите претходно беа договорени меѓу лидерите на партиите па усогласени меѓу пратениците.

„Партиите исто најавија дека се согласија на овие предлози, пратениците ги чекаа материјалите до 1 по полноќ, но не добивме. Потоа, одложивме”, рече Џафери на крајот од седницата.

Во Изборниот законик измените се однесуваат на делот за финансирањето на политичките партии, во Законот за финансирање на партиите има намалување на сумите кои можат да ги донираат физички и правни лица на партиите. Во Законот за Влада пратениците донесоа одлука измените да бидат во делот на предизборниот период каде ќе се избира техничка влада според пржинскиот договор, меѓу пратениците од опозицијата и власта.

Законите се кроеја на лидерската средба меѓу четирите најголеми партии, а потоа беа усогласени.

Претходно, со 100 гласа „за“ беше изгласан новиот состав на Државната изборна комисија. Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а негов потпретседател ќе биде Дитмире Шеху од редовите на ДУИ. Елизабета Постоловска е избрана како член од ВМРО-ДПМНЕ. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Во ДИК од партијата Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг