Прво им помогнаа, а потоа наредија полетување на воените авиони: Израел изведе нови воздушни напади во Сирија

Точка

23/07/2018

14:34

2.723

Големина на фонт

а а а

Израелското воено воздухопловство изведе нови воздушни напади на територијата на Сирија – овој пат беше нападнат градот Масјаф во сириската централна провинција Хомс.

Израелските воени авиони повторно извеле низа на воздушни напади на територијата на Сирија. Како што пренесува сириската државна новинска агенција „САНА“, нападот бил изведен во градот Масјаф во централната провинција Хомс.

Понатаму, споменатиот извор пренесува дека во нападот не биле забележани жртви и била предизвикана само материјална штета.

Либанскиот канал „Ал Мајадин“ пренесува дека израелските воени авиони, како и повеќе пати претходно, ракетните напади ги извеле од либанскиот воздушен простор. Израелските авиони воопшто и не влегуваат во сирискиот воздушен простор и досега е познато дека или ги лансираат ракетите од сопствена територија, или пак за тоа го користат либанскиот воздушен простор – без дозвола.


Израелските воздушни сили минатиот месец исто така изведоа напад воената база „Т-4“ на сириската армија која што е сместена во провинцијата Хомс.

Иако од израелската армија ретко го потврдуваат тоа, сепак факт е дека во последните месеци израелските борбени авиони изведуваат напади на територијата на Сирија кои што најчесто се насочени против иранските и про-иранските сили распоредени на територијата на Сирија.

Да потсетиме, израелската армија деновиве организираше голема операција за извлекување на припадниците на сириската хуманитарна организација „Бели шлемови“ на кои што им беше обезбедено извлекување и безбеден транспорт до Јордан.


Станува збор за сириска група на доброволци кои што помагаат во спасувањето на Сиријците ранети во нападите на подрачјата каде што се судираа бунтовниците и припадниците на сириската армија.

Од израелската армија соопштија дека таа операција не е мешање во сириската граѓанска војна, западните сили го пофалија таквиот потег на Израелците, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека тоа го сторил затоа што лично му се јавил Трамп и другите западни лидери и го замолиле да ги спаси Сиријците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг