Плус сајз моделот Тес Холидеј стана популарна благодарејќи на движењето "body positivity" и своите изјави кога убавината е во прашање. Но, со последната објава ги шокираше сите фанови на Инстаграм.
Со својата последна објава покажа како таа се опушта во када со купка каде ѝ се приклучил и нејзиниот син Боуви.
"Кога имаш состаноци и снимање по цел ден и одлучиш да се опуштиш во купка пред да започне хаосот. Но, потоа твоето дете те здогледува како се обидуваш да се сокриеш во тоалет и вреска сè додека не го пуштиш да влезе во када", напиша под црно белата фотографија.
За да направи доволно место за својот син таа ја подигнала едната нога.
"Можеби сум дебела, но сум флексибилна", додала таа.
Иако фотографијата делува опуштено, тоа не било така. Вели дека нејзиниот син врескал додека се фотографирале и сакал да си игра со жилетот.
Логично, коментарите се нижеле, а главно била осудувана поради тоа што го направила. Овој нејзин ризичен потег не наиде на одобрување, па за кратко време остана без многу следбеници.