Нетанјаху открива: Трамп ме замоли да ги евакуираме сириските спасувачи

Точка

23/07/2018

10:56

2.305

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Израел откри дека неговата земја помогнала во евакуацијата на стотици спасувачи во југозападна Сирија откако го замолил американскиот претседател Доналд Трамп, како и другите западни лидери.

„Пред неколку дена, претседателот Трамп ми се јави, исто како и премиерот на Канада, Џастин Трудо и ме замоли да помогнам во евакуацијата на стотина членови на „Белите шлемови“ од Сирија“, стои во соопштението на кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.

Во соопштението се додава дека „тоа се луѓе кои што спасувале животи и сега се во смртна опасност“ и дека токму поради тоа, израелскиот премиер одобрил преминување преку Израел, како важен хуманитарен гест.

Израелските медиуми пренесуваат дека организацијата „Бели шлемови“ е група на доброволци кои што помагаат во спасувањето на Сиријците ранети во нападите на подрачјата каде што се судираа бунтовниците и припадниците на сириската армија.


Од саботата навечер Израелските одбранбени сили спроведоа преку 400 членови на организацијата и нивните семејства од Сирија во Јордан од каде што во следните неколку денови тие ќе бидат одведени во Велика Британија, Канада и Германија.

Израелската армија соопшти дека таквата операција не е мешање во граѓанската војна во Сирија. Израелската улога во евакуацијата која што армијата ја нарече „Мисија за спасување на животите“ ја пофалија министрите за надворешни работи на Велика Британија и Европската унија.


„Европската унија ги признава суштинските напори на Израел и Јордан и на сите други, вклучувајќи неколку земји членки на ЕУ, кои што придонесоа во доведувањето на „Белите шлемови“ и нивните семејства на безбедно“, соопшти шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини.

Таа повика на моментално ставање на крај на судирите во Сирија и обезбедување на хуманитарна помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг