Де Лаурентис со остри зборови: Сари сакаше да го растури Наполи

Дерби

22/07/2018

17:10

1.904

Големина на фонт

а а а

Заминувањето на Маурицио Сари од Наполи и неговата промоција во Челси претставуваше еден неочекувано долг процес, во кој со своите одлуки секако учествуваше и првиот човек на италијанскиот вицешампион, Аурелио Де Лаурентис.

– Сари сакаше да го одведе целиот мој тим во Англија и да ја растури екипата. Морав правно да се заштитам од Марина Грановскаја и Челси. Го сакаше Жоржињо, а јас го одобрив трансферот дури откако Анчелоти ми посочи дека има сериозни амбиции со Диавара и дека планира да ја промени позицијата на Хамшик, – вели првиот човек на Наполи, кој често го критикуваше Сари и додека соработуваа.

– Не ми се допаѓа кога вели дека и двајцата сме правеле грешки, не мислам дека сум направил некоја грешка. Морав да му контрирам бидејќи беше под договор, а се однесуваше неодговорно и одеше против фудбалерите за кои сметаше дека не играле добро, – потенцира Де Лаурентис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг