На трансфер пазарот многу работи се менуваат за кратко време, а и се догововаат навистина големи „бомби“ како на пример случајот со Алисон Бекер кој со преселбата од Рома во Ливерпул стана најскапиот голман во историјата на фудбалот.
Овој трансфер на Бекер може да донесе потрес кога се во прашање голманите, односно да има промени на средините на добро познати ликови. Во прв пат е Тибо Куртоа кој би требало да заврши во Реал Мадрид што пак би значело проблем за Кејлор Навас кој во тој случај би требало да бара нова средина.
Од друга страна пак несигурен е и статусот на Јаспер Силесен во Барселона, поточно одредени вести говорат дека Челси ќе тргне токму по него ако го загуби Куртоа. Ако се случи тоа, Барса да остане без Холанѓанецот тогаш веќе има список од пет голмани кои можат да слетаат на „Камп Ноу“.
Според „Марка“ во прв план се Коен Кастелс од Волфзбург и швајцарскиот репрезентативец од редовите на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер. На листата од петмина се уште членот на Ливерпул, Симон Мињоле, понатаму Марко Дмитровиќ од Еибар и Херонимо Рули од Реал Сосиедад.