Сане конечно откри како ја прифатил шокантната одлука на Лев

Дерби

21/07/2018

20:18

2.453

Големина на фонт

а а а

Лирој Сане беше фудбалерот за кој најмногу пишуваше светската спортска јавност пред стартот на мундијалот во Русија, а причина за тоа секако беше шокантната одлука на Јоаким Лев да го изостави од списокот на играчи во германскиот состав.

Крилото кое брилјираше во Манчестер Сити и кое беше избрано за најдобар млад играч во Премиер лигата на крајот не доби повик од страна на Јоаким Лев, а германскиот селектор потенцираше дека неговото место во тимот го заземал Јулијан Брандт. Лев во ниту едно излагање не даде подетално објаснување за тоа која е главната причина за отсуството на Сане, а сега самиот фудбалер за првпат јавно се огласи на оваа тема, давајќи интервју за германски „Скај Спорт“.

– Разговарав со Јоги Лев на таа тема. Се разбира дека и јас ја прифатив неговата одлука, колку и да беше тешка. Тој ми даде добри причини за да ја пррифатам одлуката, затоа се мина во најдобар ред, немаше никаков проблем. Воопшто не ми беше лесно да го гледам тоа што се случи, никој не очекуваше да испаднеме во групната фаза, – потенцира Сане кој сепак не откри кои биле причините за негово изоставување.

Интересно, набрзо после оваа изјава на Сане, на оваа тема се огласи и Пеп Гвардиола, кој интересно вели дека оваа одлука може позитивно да влијае врз младиот Германец, бидејќи истата може уште толку да го зацврсне неговиот карактер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг