Робовалиев: Втора недела по ред сметката на Општина Центар е блокирана

Макфакс

21/07/2018

15:50

1.576

Големина на фонт

а а а

Втора недела по ред сметката на најбогата општина во државата, Општина Центар е блокирана. На овој начин се доведува во прашање работата на самата општина и на службите, а воедно се загрозуваат и услугите кои им се даваат на жителите на Центар, изјави денеска Васко Робовалиев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Центар.

„Ова e врвот на неспособноста на градоначалникот Саша Богдановиќ и неговата администрација. Јавноста и граѓаните заслужуваат одговори: Дали е вистина дека Општина Центар должи над 1,3 милиони евра? Дали е вистина дека овој долг е направен поради неодговорно работење на претходниот градоначалник Андреј Жерновски? Какви се пропусти се направени во досегашното работење на Општина Центар за да се доведе општинската каса до оваа ситуација? Дали е вистина дека платите на оние кои се вработени преку договори за привремени вработувања не се исплатени?Дали поради ваквата ситуација некој ќе понесе одговорност?“, праша советникот од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој додаде дека е недзоволиво општина како Центар да биде во ваква ситуација ако се знае колку огромни приходи генерира општината на основ на даноци, фирмарини и други такси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг