Невидена бруталност во руски затвор: Кога затвореникот ќе престане да вриска, го освестуваат со вода па продолжуваат да го тепаат

Точка

21/07/2018

14:59

7.757

Големина на фонт

а а а

Видео-снимката на која се гледа постојано 10-минутно малтретирање на затвореник во еден руски затвор, го вознемирила светот.

Како што наведуваат руските медиуми, станува збор за затвор во градот Јарослав, а затвореникот кој бил тепан од стражари со тупаници и пендреци е идентификуван како Евегениј Макаров. 

На неговите врисоци и молби за милост никој од 10-тината чувари кои учествувале во малтретирањето не ни трепнал. Само продолжиле со ударите и повремено го поливале со кофа вода за да го освестат.

Адвокатката Ирина Бирјакова до која дошла снимката, отишла во Јарослав пет дена по инцидентот кој се случил на 29. јуни.

Како што рекла, не може да открие како видеото дошло до јавноста, но евидентно дека е го снимил еден од чуварите. Ова не е прв пат, како што рекла, нејзиниот клиент да биде претепан.

Најпрво не и бил дозволен пристап до претепаниот затвореник, но по интервенцијата на државниот омбудсман Татјана Москалкова, затворските власти попуштиле.

"Одвај одеше. Толку лошо беше претепан по стапалата што кожата му беше испукана. Тепан е по задникот и анусот. Има модринки по очите, а на рацете има рани од лисиците", рекла адвокатката.

Откако видеото со грозни сцени ја згрозило целата јавност, рускиот државен завод за издржување на казнени санкции и Истражниот комитет отвориле истрага.




Спонзорирани линкови

Маркетинг