Страшниот период од детството нема никогаш да го заборави, најпознатата мајка - менаџер е благодарна што денес е жива

Точка

21/07/2018

13:28

4.432

Големина на фонт

а а а

Кога била мала, Крис Џенер боледувала од рак на коските. Тогаш, технологијата не била толку напредна па се констатирало дека туморот е малигнен што на познатата мајка менаџер докторите требало да ѝ ја ампутираат ногата за да ѝ го спасат животот.

"Тоа ѝ го кажаа на мојата мајка. Технологијата во тоа време не можеше да покаже дали има некаков тумор, мораа да ме оперираат за да видат. Доколку туморот беше малигнен, ќе требаше да ми ја ампутираат ногата", раскажа Крис. 


За среќа, таа успеала да се извлече. Туморот не бил малигнен, а таа била среќна што е жива.

"Јас воопшто не сфаќав за што се работи, немав блага претстава за тоа како стојат работите. Бев среќна што сум жива", додава Крис.





Спонзорирани линкови

Маркетинг