Украл 200.000 долари па скокнал од авион и од тој момент му се губи секоја трага, случајот кој со децении ги измачуваше ФБИ доби нов пресврт

Точка

21/07/2018

12:44

4.623

Големина на фонт

а а а

Човекот наречен Д.Б. Купер кој се заканил дека поседува бомба го киднапираше авионот кој леташе од Портланд до Сиетел на 24 ноември 1971 година. Откако во Сиетел ги ослободи патниците и екипажот, им наредил на пилотите да полетаат за Мексико, а потоа скокнал со падобран од задната врата со 200.000 долари во близина на терен со шуми кај Вашингтон.

Никогаш повеќе не бил виден и тоа денес е едно од најмистериозните бегства во американската историја. 

Повремено се појавувале некои нови теории кои би можеле да го откријат мистериозниот Д.Б. Купер, а неодамна Карл Лорин од Мичиген се обрати во јавноста велејќи дека тој познат крадец бил неговиот најдобар пријател.

"Тој беше Волтер Река, мојот најдобар пријател и познат ветеран од Мичиген кој знаеше да лета со падобран", рекол Лорин.


Тој дури повикал и конференција за медиумите во Гранд Репсид кога ги објави снимките од разговорите кои ги водел со Река во изминатите 8 години во кои наводно се откриваат детали од кражбата и киднапирањето на авионот во 1971 година.

"Ова е киднапирање и имам експлозив", рекол Река.


Роднината на Река, Лиса Стори вели дека нејзиниот вујко често бил на другата страна на законот и поради тоа имал проблем да најде работа.

"Беше во Американската национална гарда како падобранец во воздушните сили", рекла Стори. ФБИ го отвори случајот повторно пред неколку години, а Река умрел пред 3 години.

"Едноставно ја добив таа идеја и го направив. Не бев сигурн воопшто во тоа, но сепак на крајот го направив", се слуша како зборува Река на снимката.


Лорин во меѓувреме напиша и книга "Д.Б Купер и јас: Криминалец, шпиун и мој најдобар пријател". Исто така вели дека има документација која покажува како се потрошени тие 200.000 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг