Ракот ѝ го "изеде" јазикот, па со кожа од ногата ѝ реконструирале нов: "Мојот живот зависеше од цевка за храна и цевка за воздух"

Точка

20/07/2018

20:26

4.888

Големина на фонт

а а а

Синтија Замора се соочила со својата најголема ноќна мора кога минатата година дознала дека има рак на јазикот, а и покрај хемотерапијата и радијацијата докторите морале да ѝ отстранат голем дел од јазикот поради што не можела да јаде и зборува.

Надежта дека таа можност ќе ѝ се врати назад се родила кога докторите од Универзитетот во Калифорнија објавиле дека можат да ѝ го реконструираат јазикот користејќи дел од нејзините бутови. Година дена после операцијата ова 57 годишна жена не само што може да зборува туку може и да џвака и јаде. Иако речникот ѝ е ограничен и може да почувствува само солена и блага храна, недамна можеше да ужива и во храната од KFC. 


Во почетокот на минатата година се разбудила со болка во јазикот и забележала голема рана на него. Јазикот е орган кој најбрзо се регенерира во нашето тело, па така таа рана зараснала. Следниот пат кога се случило истото таа отишла на доктор и добила антибиотици и лекови против болки, но овој пат раната целосно зараснала. Многу наскоро таа не можела да џвака и нормално да се храни па повторно се обратила кај доктор кој констатирал дека има тумор на јазикот од 5,4 сантиметри кој се наоѓа во средината.

Ѝ го отстраниле јазикот и ѝ рекле дека постои можност тим на експерти да ѝ го реконструираат јазикот. После операцијата која траела 12 часа таа добила нов орган. Доктор Салиман кој ја извршуваше операцијата исекол парче од бутовите и земал кожа и масно ткиво.


"Мојот живот зависеше од цевка за храна и цевка за воздух. Беше тешко и многу пати се прашував дали вредеше тоа што се одлучив да живеам", рекла Замора.

После напорната работа со експертите започнала полесно да зборува, а сетилото за вкус не го изгубила бидејќи дел од јазикот сепак ѝ останал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг