Згодната Емили Ратајковски "крунисана" за кралица на Рим

Кармин

20/07/2018

19:37

2.212

Големина на фонт

а а а

Одамна се знае дека легендарниот Франческо Тоти има многу надимаци, а најпознатите се Принцот на Рим и Кралот на Рим, а од денес Рим доби и Кралица.

Не, тоа не е сопругата на Тоти, туку една од најпознатите светски манекенки Емили Ратајковски. 

Интересно, 27 годишната Американка со полско потекло се појави на официјалната Твитер страна на фудбалскиот клуб Рома. Односно, објавена беше фотографија од Емили како позира со дрес со бројот 10 кој остана "празен" откако Тоти се прости со фудбалот, а римскиот клуб ја објави фотографијата со натписот "новата Кралица на Рим".


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk