Само Џеј Ло и нејзиното момче можат вака да се појават на спортски натпревар

Точка

20/07/2018

19:14

9.177

Големина на фонт

а а а

Пејачката не се откажува од гламурот ниту за спортските настани.

А изгледа дека Џеј Ло љубовта кон убавата облека ја дели со своето момче, професионалниот бејзбол играч Алекс Родригез.

Тие двајца со причина се прогласени за еден од најубавите познати парови, бидејќи секогаш се совршено средени, без оглед на приликата. Тоа уште еднаш го потврдија на бејзбол натпреварот.


Да не знаевме каде беа, судејќи по нивниот изглед сигурно ќе помислевме дека биле на некој свечен настан со црвен тепих, или романтична вечера во ресторан, веројатно немаше да погодиме дека биле на некој спорски натпревар.

Џеј Ло носеше фустан со црно-бели линии, со отворени раменици, со кој го покажа нејзиното воодушевувачко тело, а на нозете носеше сандали од „Giuseppe Zanotti“, со високи потпетици.


Изгледот го заокружила со црна ташна од „Hermes“, а својата коса ја измазнила и ја собрала во пунџа. Алекс носеше црно одело и кравата со бела кошула. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг