Сопругата на поранешниот фудбалер се пофали со гола фотографија од сопругот: "Имам одличен поглед"

Точка

20/07/2018

17:53

7.665

Големина на фонт

а а а

Тони Тери објавила фотографија од сопругот, Џон Тери од нивниот одмор на Малдивите каде парот прослави 11 годишнина од бракот. Нејзината фотографија ги развесели бројни жени.

"Се потсетувам на својот утрински поглед на приватниот остров. Господин Т секогаш знае да ме насмее", се пофали Тони Тери на Инстаграм. 

Фудбалерот на фотографијата е сосема гол на терасата од нивното сместување свртен кон океанот, а неговиот задник Тони го прекри со голем емотикон. Нејзината фотографија ги развесели бројни жени кои коментирале дека има одличен поглед и дека ѝ завидуваат.

"Баш си среќна. Би можела да ни покажеш што се наоѓа и зад емотиконот", беше еден од коментарите.

Покрај тоа што објавила фотографија од сопругот, Тони Тери често се фали и со голи фотографии од себе. Таа е фитнес тренер, а за Англија се има натпреварувано во јавање.

Тие се заедно 17 години, а се венчале во 2007 година. Имаат близнаци Џорџи Џон и Самер Роуз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг