Нејмар: Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал, ќе биде…

Дерби

20/07/2018

18:10

2.642

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот репрезентативец и член на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Нејмар го искажа својот став за најголемата бомба на пазарот во овој преоден рок, трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Роналдо по девет сезони во кои постигнувуваше по минимум 40 голови и воеднo освои 15 големи трофеи одлучи да ја промени средината и да започне ново поглавје на Апенините, во Серија А во дресот на „бјанконерите“. Сите со нетрпение очекуваат дали Кристијано ќе продолжи на блеска на терените и во Италија, нешто во што воопшто не се сомнева Нејмар.

Според него португалската ѕвезда во целост ќе го смени италијанскиот фудбал или поточно ќе го врати на старите патеки кога беше моќен на големата сцена.

-Заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус ќе го смени италијанскиот фудбал. Италијанскиот фудбал ќе биде онаков каков што го гледав како дете. Кристијано е одличен играч, фудбалска легенда, гениј, па мораме да го почитуваме, -истакна Нејмар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг