СЈО му честиташе на судот за конфискацијата на целата сума од тендерот во пресудата за „Труст“

Макфакс

20/07/2018

15:01

2.874

Големина на фонт

а а а

Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“ рече дека е задоволен од пресудата, но дека ќе почекаат за да го видат образложението во однос на евентуална жалба.

На новинарско прашање зошто не побарале притвор за Кочан до правосилноста на пресудата, бидејќи казната затвор е над 5 години, Бубевски рече дека таа одредба не е задолжителна бидејќи ја укинал Уставниот суд, а дополнително, Кочан пред судот дал гаранција дека нема да бега. „Во однос на второобвинетиот е малку поспецифична ситуацијата затоа што неговата здравствена состојба не е на тоа ниво и веројатно судот ги употребил тие институти и му дал пониска казна од минимумот“, рече Бубевски.

Обвинителот му честиташе на судот за, како што рече, бруто принципот на конфискација на имотот, односно за конфискување на целата сума од тендерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг