Пристигна новиот трејлер за претстојната романтична комедија "Second Act" во која главните улоги ги толкуваат Џенифер Лопез и Мајло Вентимиља. Снимањето на ова остварување на режисерот Питер Сегал започна кон крајот на минатата година во Њујорк.
Вентимиља во филмот го глуми Треј, момчето на Маја, додека Маја е Џенифер Лопез. Приказната во филмот е за продавачката Маја која ќе одлучи да го промени начинот на живот и навики за да докаже дека титула и диплома не се пресудни во животот доколку сакаме да успееме.
Режисерот Сегал рекол дека филмот на моменти потсетува на почетничките филмови во кои глумеше Џенифер Лопез. Популарната пејачка и глумица изјави дека во сценариото на филмот се заљубила уште после првото читање.
"Приказната на филмот ги поттикнува сите жени да бидат подобри, да работат повеќе и да не се откажуваат од своите соништа", рекла Лопез.
Покрај Џеј Ло и Вентимиља во главните улоги ќе се појават и Леа Ремини, Ванеса Хаџенс и Трит Вилијамс. "Second Act" премиерно ќе се прикаже на 21 ноември оваа година.