Протекоа фотографии од новиот телефон на Самсунг

Точка

20/07/2018

17:52

4.249

Големина на фонт

а а а

За околу три седмици Самсунг во Њујорк ќе го претстави новиот Note, а веќе на интернет се појавија првите фотографии од новиот адут на јужнокорејската компанија.

Фотографиите кои што се појавија на интернет наводно го покажуваат новиот Galaxy Note 9 на Самсунг, па доколку тоа навистина е изгледот на новиот телефон, тогаш „деветката“ и нема премногу да се разликува од својот претходник.

Фотографиите исто така откриваат дека сензорот за отпечатоци на прсти кај Galaxy Note 9 е сместен под камерата исто како и кај Galaxy S9, што значи дека ќе биде полесно да се „погоди“ сензорот, наместо притоа да се допира камерата како што беше случај кај Galaxy S8.

Од Самсунг веќе ги испратија поканите за настанот кој ќе се одржи во Њујорк на 9-ти август кога ќе ги дознаеме сите спецификации на новиот адут на јужнокорејската компанија, како и конечниот изглед на телефонот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг