Електричен шумски ѕвер: Овој камион сам може да пренесе 16 тони дрва

Точка

20/07/2018

16:46

3.907

Големина на фонт

а а а

Шведскиот стартап “Einride” го претстави својот електричен камион без возач кој е наменет за извлекување на дрва од шумите и на тој начин „да ги пензионира“ тешките камиони кои што ја заагадуваат околината.

Шведски “Einride” на фестивалот “Goodwood” го претстави “T-Log”, својата визија за целосно автономен камион кој што го дизајнирале како замена за големите камиони кои што со издувните гасови ја загадуваат околината.

“T-Log” може да пренесе до 16 тони дрва и не му е потребен возач. Ако има потреба од тоа, може да биде управуван од оператор оддалечен и на стотина километри, затоа што камионот е опремен со најсовремена технологија, бројни камери и радари кои што нудат целосен приказ на околината.


„Возачката кабина е тоа што ги прави камионите скапи за производство“, вели Роберт Флак, директор на “Einride” и додава дека трошоците може драстично да бидат намалени доколку кабината целосно се отстрани, а флотата на камиони се управува од голема далечина.

Што се однесува до самиот камион, “T-Log” има батерија од 300 kWh која што овозможува 190 километри со едно полнење. Ако се земе во предвид дометот на останатите електрични автомобили и камиони, овој домет делува скромно, но сепак тоа е доволно затоа што ваквите камиони се користат за пренесување на дрва на прилично кратки дестинации.


Компанијата “Einride” планира првите вакви камиони да ги донесе во шумите веќе во 2020-та година и моментално се водат преговори со голем број на заинтересирани компании.



Спонзорирани линкови

Маркетинг