Емили Скај стана икона на движењето Body positivity. Откако пред шест месеци ја роди ќерката Миа, не се срами да го покаже вишокот кожа и стриите. Сепак, таа не гледа на тоа дека лузните треба да ги отстрани.
"Го почитувам моето тело и го ценам што е толку моќно. Претходно тоа не го разбирав, но сега сум возрасна. Малите работи кои претходно ме измачувале, повеќе не ми пречат. Не се грижам за стриите. Кожата ми е опуштена и имам целулит, но го сакам мојот изглед", рекла Скај која се прослави како фитнес модел.
Кога била млада, имала проблем со сопственото тело. Сега ги користи социјалните мрежи за да биде пример за она што не можела да го замисли.
"Одлучив тоа да го правам поради другите луѓе. Сакам кон нив да бидам искрена и да им помогнам да се прифатат самите себе и да го засакаат своето тело".
Вели дека откако ѝ се роди ќерката тоа не било едноставно. Таа не можела да се погледне во огледало.
"Се потсетив низ што поминав. Тоа не е трајна состојба, но треба сила за да се вратите во форма и да бидете здрави, а посебно треба да ги пуштете работите кои не можете да ги променете", објаснува Скај и додава дека си зборувала сама себе дека одразот во огледало ја потсетува на тоа дека има прекрасно бебе и дека не е вредно да се грижи за она што го нема.
Скај почнала да се враќа на нејзиниот фитнес режим.
"Почнав сè почесто да пешачам и да внимавам на правилно држење. Кога ќе останете бремени и во Вас расте суштество, мускулите после породување не се важни. Мора повторно да тренирате и да работите на мускулите".