Живеела со 40 евра неделно и јадела само ориз, а денес оваа манекенка е милионерка

Кармин

19/07/2018

14:41

4.562

Големина на фонт

а а а

Русинката Ирина Шајк на 32 години може слободно да се каже дека ги исполни своите соништа. Од девојка од село која се занимавала со земјоделство во Русија, стана супермодел, има милиони долари на својата банкарска сметка, го заведе еден од најпосакуваните ергени во Холивуд и стана мајка. Сепак, патот до ова остварување бил напорен, а тоа неодамна го открила во едно интервју.

Ирина раскажа дека нејзините почетоци биле тешки и неславни, а ништо не наговестувало дека еден ден ќе биде ѕвезда. Имено, живеела од 40 евра неделно, а јадела само ориз бидејќи немала пари за ништо друго. 


"Немав поим како изгледа манекенството. Само помислив дека можеби ќе снимам некој каталог и барем малку да му помогнам на семејството. Воопшто не зборував англиски. Живеев во мал стан во Париз, кој го делев со други манекенки. Имавме по 40 евра неделно за трошење. Оризот го делевме, бидејќи немавме многу пари. Во понеделник наутро со метро ќе одевме во агенцијата со едно евро во џеб, за да добиеме буџет за другата недела", вели Русинката.


Ирина не крие дека тоа време било забавно, иако веднаш не наишла на разбирање од колешките. Често ѝ се смееле поради тенот на кожата и големите гради.


Ирина сега е далеку од приказната од која потекнува и живее во изобилство на луксуз. Нејзиното богатство се проценува на 4 милиони долари и е во врска со холивудскиот глумец Бредли Купер со кој има ќерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk