Нова опција на Инстаграм: Ќе можете да ги отстранувате вашите следбеници...

Точка

19/07/2018

16:01

2.543

Големина на фонт

а а а

Од сега веќе можете мануелно да ги „исфрлите“ луѓето од листата на следбеници на вашиот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Инстаграм тестира нова функција која што ќе им овозможи на корисниците на платформата рачно да ги отстранат одредени луѓе од листата на пријатели/следбеници.

Откако ќе отстраните одреден профил од листата со ваши следбеници, тој профил нема повеќе да може да ги гледа вашите фотографии, видео записи и „приказни“, без притоа да добие известување дека е „исфрлен“.

Корисниците кои што ги имаат поставено своите профили на „приватни“ (што значи дека е потребно да го прифатат секое барање на корисниците на Инстаграм за тие да можат да ги следат), веќе долго време ја имаа опцијата за да „одбијат“ некој да ги заследи, така што го блокираат.

Сега дури и јавните профили имаат опција која што веројатно веќе и ја имате добиено со последната надоградба на Инстаграм.

За да проверите дали ја имате новата опција, отворете ја листата со следбеници на вашиот профил. Сега покрај секој профил и ознаката дека ве следи, би требало да имате три вертикални точки, а откако ќе кликнете на нив, ќе ви излезе прозорец со опција за нивно „исфрлање“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг